Живот

Најчестите изговори за доцнење

Половина од нас секојдневно кажуваат лаги поради доцнењето, а најчесто го користиме изговорот дека сме влегле во сообраќаен метеж, открива ново истражување.

Вториот најпопуларен изговор е тврдењето дека не сме го слушнале алармот. Анкетата открива дека Британците знаат да одат дотаму што тврдат дека се изгубени, а често го обвинуваат јавниот превоз, пишува MailOnline.

Истражувањето покажало дека дури 75 отсто од луѓето редовно кажуваат лаги во обид да се извлечат од непријатна ситуација, а 48 отсто признаваат дека ги кажуваат секојдневно.

Психолозите објаснуваат дека тајната на убедливото оправдување е дека изговорот содржи жалење и се изговара како и вие самите да верувате во тоа.

Психологот Арик Сигман објаснува дека пристојниот изговор ни овозможува да преговараме за нашите чувства без некој да биде повреден.

„Совршениот изговор е делумно уметноста, а делумно логиката и содржината и формата, и како го правиме тоа се подеднакво важни“, вели тој.

Според Сигман, една од клучните состојки на совршениот изговор е автентичноста, бидејќи изговорот мора да звучи реално и искрено за да биде прифатен како нешто што може секому да му се случи.

Таа мора да биде посебна и убедлива со елементи од вашите животни околности. Кога ќе најдете изговор, замислете што би можело да биде прифатливо за другата личност, додадете малку жалење и покажете разочарување бидејќи не можете да ги исполните обврските. Пред да понудите алиби, мора да се убедите себеси дека тоа што го кажувате е вистина.

10 најчести изговори за доцнење:

  1. Имаше метеж.
  2. Не ми заѕвони будилникот.
  3. Се изгубив.
  4. Автобусот/возот доцнеше.
  5. Колата не сакаше да запали.
  6. Моето дете е болно.
  7. Заглавен сум во снег.
  8. Ми се расипа колата.
  9. Партнерот се разболел.
  10. Не можев да ја најдам бебиситерката.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни