Повредените граѓани од Македонија, сместени на лекување во болницата „Пирогов“ во Бугарија по несреќата на автопатот „Струма“, се очекува денеска да бидат отпуштени.
Во саботата двајца од настраданите беа отпуштени, а според македонските власти уште тројца денеска со возило на Брза помош ќе бидат пренесени во Скопје каде ќе бидат сместени во медицински установи и ќе добијат лекарска и психолошка помош.
Пирогов најави дека состојбата на сите е стабилна и дека постојано се прегледуваат. Сите тие треба да се отпуштаат етапно оваа недела.