Сообраќајот во правец на Благоевград ќе биде обновен најрано до петок, на делницата каде се случи автобуската несреќа во Струма.
Минатата недела таму животот го загубија 45 лица, меѓу кои и деца.
Дотогаш сообраќајот од патната клучка „Бошнек“ до патната клучка „Старо село“ за Благоевград ќе се одвива во двата правци во коловозната лента во правец кон Софија.
Во наредните денови и при погодни временски услови на подрачјето на сообраќајната несреќа ќе се заменат системите за рестрикција и ќе се санира тротоарот оштетен од пожарот на автобусот.
На местото на трагедијата во тек се истражни дејствија. За случајот се очекува вештачење – огноотпорно и техничко, а може да трае со месеци.
Водечката верзија е човечка грешка. Од засега непознати причини, возачот го свртил вниманието и удрил во заштитната ограда, по што настанал пожар.
Лошата организација и сигнализација на патиштата е другата верзија на несреќата на македонскиот автобус.