Свет

Од 13 декември во ЕУ почнува вакцинација на деца против Ковид-19

Вакцинацијата против Ковид кај децата на возраст од 5 до 11 години во ЕУ ќе почне на 13 декември, една недела порано од првично планираното. Тоа денеска го соопшти германското Министерство за здравство.

Германија треба да добие 2,4 милиони дози за двојна апикација кај адолесцентите.

„Со оглед на моменталната ситуација со пандемијата, ова е добра вест за родителите и децата“, се вели во изјавата на германскиот в.д. министер за здравство Јенс Шпан. 

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни