Свет

80 новинари се убиени во светот во текот на 2018 година

Вкупно 80 новинари биле убиени годинава, 348 се во затвор, а 60 се заложници, покажа годишниот извештај на Репортери без граници. Тој бележи најголем степен на непријателство кон медиумските работници.

Меѓу жртвите годинава се 63 професионални новинари, што е за 15 проценти повеќе од лани.

Во годишниот извештај на невладината организација со седиште во Париз, се осудува рекордното ниво на насилство врз новинарите.

Пред неколку месеци, организацијата соопшти дека најопасна држава за новинарите е Авганистан. Дополнително, загрижувачка е и бројката на новинари кои се во затвор поради нивната работа.

„Репортери без граници“ регистрираше и три нови случаи на исчезнување на новинари во 2018 година, две во Латинска Америка и едно во Русија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни