Од “Вијадукт Трејд” известуваат дека на ден 19.12.2018 г. ќе се започнат градежни активности на Автопат А4, делница Миладиновци – Хиподром (во близина на Наплатна Станица Миладиновци), за што ќе се изврши промена на режим на сообраќај согласно Одобрението за времен режим на сообраќај и согласно Основен сообраќаен проект за режим на сообраќај за време на поставување индукативни јамки на дел од државни патишта на територија на Република Македонија, во времетраење од три дена.