Македонија

Адвокатите го откажаа полномошното на Груевски во случајот „Титаник“

Пред денешното судење на предметот „Титаник“ за изборни нерегуларности, судијата Осман Шабани констатираше дека од адвокатите на Груевски бил известен дека го откажуваат полномошното за негово застапување во овој предмет.

По бегството на Груевски во Унгарија, Судот одлучи на поранешниот премиер да му се суди во отсуство.

Обвинителката Стефановска на денешното судење рече дека со одбраната е согласна доказите да се прикажуваат на екран, а да се читаат само редните броеви под кои се поднесени.

Во „Титаник“, покрај Никола Груевски, обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни