Свет

Дронови откажаа неколку летови на лондонски аеродром

Утринава неколку летови на лондонскиот аеродром „Гетвик“ беа откажани, откако вториот најпрометен британски аеродром истражува известување за дронови кои го надлетувале аеродромот.

Авионите кои требаше да полетаат од „Гетвик“ останаа на земја, а оние кои требаше да слетаат на овој аеродром, се пренасочени на други аеродроми.

Во последно време блиските средби на авионите со дронови се алармантни за стручњаци.

Аеродромот се извини на патниците, истакнувајќи дека нивната сигурност е најважна. Засега аеродромот не објави информација кога ќе се нормализира сообраќајот.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни