Рускиот претседател Владимир Путин, денеска ја одржа традиционалната прес-конференција со многу новинари од сите земји на која беше прашуван за сите случувања во Русија, но и во Светот.
Главен акцент се стави на нуклеарната војна, која според Путин, не смее во никој случај да се потцени.
Путин исто така кажа дека во колапс е меѓународната заедница за контрола на вооружувањето.
„Моментално сме сведоци на колапс на меѓународната заедница за контрола на вооружувањето“, рече рускиот претседател.
Исто така кажа дека провокациите кои доаѓале од Украина на Крим, биле поради зголемување на рејтингот на еден кандидат пред изборите во таа земја.
„Провокациите се секогаш лоши. Целта на провокациите се ескалација на настаните. Зошто е тоа потребно тоа на Украинците? Тие требаат ескалација на ситуацијата поради зголемувањето на рејтингот на еден кандидат. Дали провокацијата успеа? Можеби да, во зголемувањето на рејтингот“, вели Путин.
Челниците на европската унија истакнаа дека санкциите кон Русија се продолжени, а на тоа Путин одговори.
„Русија низ целата историја била предмет на санкции. Тоа е поради раста на нејзината моќ и конкурентност“, е ставот на рускиот претседател.