Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан ели дека Македонија може да го фати приклучокот со Србија и Црна Гора, кон патот за членство во ЕУ.
– Државите од Западниот Балкан се уште се слаби и проширувањето на ЕУ е единствениот начин за мирна стабилизација на регионот. Но, кога тие ќе пристапат кон ЕУ не можам да дадам точна проценка – рече Хан за германскиот весник „Ханделсбад“.
Иако не постои прецизен датум, сепак 2025-та година е ориентациската цел од страна на Европската комисија како потенцијален датум на пристапување на земјите со најголем напредок во регионите од Западен Балкан.