Македонија

Замрзнати банкарските сметки во Монако – истрага за парите од продажбата на центрите за дијализа

Обвинителството на Кнеженството Монако постапило по барањето за меѓународна правна помош по предметот за доделување на концесија за центрите за дијализа во Република Македонија.

Од таму ќе ја испратат целосната документација која поврзана со предметот што се истражува во Македонија.  Во исто време, обвинителството од Монако потврдило дека судот постапил по барањето за привремено замрзнување на банкарска сметка. Имено, во рамките на постапката во предметот за доделување на концесијата за центрите за дијализа во Република Македонија, беше утврдено дека правното лице – концесионер на центрите за дијализа е отуѓено.

Финансиските средства од продажбата во износ од 8.2 милиони евра биле префрлени на сметка во Монако и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција се обрати до властите во оваа земја со барање за нивно замрзнување, додека 3.2 милиони евра се замрзнати на сметки во банки во Република Македонија.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни