Околу 4000 бебиња кои годишно се раѓаат само во болница во скопски Чаир.
„Сега ќе добиваат современа, унапредена грижа во деновите кога истата им е најпотребна“, изјави денеска министерот во заминување Венко Филипче.
Тој вели дека со инвестициите во здравството од 2016 кога процентот смртност кај предвремено родени бебиња бил 25%, сега е намален на 8,9%.
„Искрено се надевам дека ќе продолжи по овој систем, да се инвестира таму кадешто е најпотребно, здравствената заштита треба најмногу да се унапредува онаму каде се децата. Му честитам на директорот на болницата целиот персонал за одличното менаџирање, посветеноста на работата и грижата за пациентите“, додаде Филипче.