Богдан Илиќ, попознат како Бака Прасе, се појави на Јутјуб и рече дека се преселил од Србија. Откри зошто тоа се случило и каде живее сега.
– Ја напуштив Србија, многу веројатно трајно. Добивав закани, од тоа дека ќе ме претепаат до тоа дека ќе ме убијат. Едноставно не можев да го поднесам тој притисок. Се преселив во Амстердам. Во моментов сум во станот на мајка ми и татко ми. Го продадов „ферарито“ и купив стан во Амстердам. Додека мојот стан тука се уредува, живеам кај мајка ми и татко ми – изјавил познатиот балкански јутјубер.
По трагичната смртта на 21-годишната српска јутјуберка и инфлуенсерка Кристина Кика Ѓукиќ, многумина го критикуваа Богдан, кој пред неколку години сними видеа за неа и ја прозва, неретко и со навреди кон неа. Во нивната дискусија имаше разни навреди.
– Не можев повеќе да се справам со тоа. Каде и да одам луѓето ме гледаат, којзнае којшто мисли за сè што се случи. На луѓето не им е гајле дали јас сум виновен или не за што било, тие само сакаат да ме напаѓаат и обвинуваат – рекол Богдан.