Свет

Франција го забрани пакувањето на овошје и зеленчук во пластична амбалажа

Франција го забрани пакувањето на овошје и зеленчук во пластична амбалажа

Во Франција стапи на сила новиот закон со кој се забранува пакување на овошје и зеленчук во пластична амбалажа, па така краставиците, портокалите и триесет други видови повеќе нема да смеат да се пакуваат во пластика.

Претседателот Емануел Макрон изјави дека забраната е револуција во борбата против пластиката и покажува дека Франција е посветена на планот целосно да ја елиминира пластиката за еднократна употреба до 2040 година.

Повеќе од една третина од овошјето и зеленчукот се продаваат во пластична амбалажа, а властите посочуваат дека поради забраната годишно ќе се користат до милијарда парчиња пластика.

Министерството за заштита на животната средина објави дека Франција троши „неверојатна количина“ пластика за еднократна употреба и дека забраната има за цел не само да ја намали нејзината употреба, туку и да воведе здрави замени за неа, во форма на други материјали.

Минатата година Франција забрани пластични сламки, чинии, прибор за јадење и чаши, како и полистиренски кутии.

До крајот на оваа година јавните површини и институциите ќе мора да имаат фонтани за да се спречи употребата на пластични шишиња, весниците и списанијата нема да можат да се пакуваат во пластична фолија, а рестораните за брза храна нема да можат да донираат бесплатна пластика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни