Во живо Продажба или стечај за Алта Банка „Ноќно студио“ во живо Гледај
Македонија

Лазовски: Линеарното зголемување на пензиите ја наруши рамнотежата во Пензискиот фонд

Лазовски: Линеарното зголемување на пензиите ја наруши рамнотежата во Пензискиот фонд

Линеарното зголемување на пензиите ја нарушило претходната тенденција на намалување на финансиската нерамнотежа во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, оцени економскиот аналитичар Славко Лазовски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.

Според него, еден од најголемите предизвици за пензискиот систем е разликата меѓу средствата што се собираат преку придонеси и парите потребни за исплата на пензиите.

„Пред линеарното покачување на пензиите, рамнотежата во Фондот одеше во нагорна линија. Сè помалку и помалку буџетот префрлаше средства. Со линеарното покачување, тој процес беше нарушен и се отвори голема нерамнотежа“, истакна Лазовски.

Тој објасни дека државниот буџет има значајна улога во покривањето на недостигот од средства во Пензискиот фонд, но оцени дека е неопходно да се работи на намалување на таа зависност.

„Кој друг би ја покрил таа нерамнотежа ако не буџетот на Република Македонија? Тоа е нашата заедничка ризница на сите граѓани“, рече Лазовски.

Според економскиот аналитичар, решението треба да се бара во поефикасна наплата на придонесите и подобрување на функционирањето на системот.

Тој нагласи дека постојат повеќе можности за законски и институционални промени, вклучувајќи ја и методологијата за утврдување на пензиите.

Лазовски смета дека пензискиот систем мора да обезбеди подобра финансиска рамнотежа, без притоа да се занемари потребата од подобрување на положбата на пензионерите со ниски примања.

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни