Свет

Матис ја потпиша наредбата, амeриканските војници се повлекуваат од Сирија

Американскиот министер за одбрана во заминување, Џејмс Матис ја потпишал наредбата за повлекување на силите на САД од Сирија, соопшти портпаролот на Пентагон.

Потпишувањето на наредбата доаѓа откако вчера американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека Матис ќе биде заменет два месеци порано од очекуваното. Во средата Трамп соопшти дека ја повлекува војската од Сирија поради високата цена која се плаќа со животите на војниците, но и финансиските средства кои ги даваат даночните обврзници.

Матис пред неколку дена најави дека се повлекува од функцијата и дека Трамп треба да најде секретар за одбрана со кој ќе има усогласени ставови.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни