Свет

По цунамито во Индонезија бројот на жртви се зголми на 373 лица

Бројот на загинатите во цунамито во Индонезија достигна 373 лица, повредени се околу 1.500, а 128 се водат како исчезнати.

Цунамито во саботата вечер по локално време ги погоди крајбрежните области меѓу индонезиските острови Суматра и Јава, и беше предизвикано од ерупција на вулканот Анак Кракатау.

Локалните власти соопштија дека се разурнати стотици домови и други објекти, а 12.000 жители се присилно евакуирани. Неколку стотици полицајци и доброволци се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите по плажите во Индонезија.

Агенцијата за метеорологија, климатологија и геофизика апелираше до локалните жители и туристите да стојат подалеку од брегот, нагласувајќи дека тоа предупредување ќе биде во сила до 25 декември.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни