Балкан

Граѓаните на Косово се најсиромашни во Европа

Според податоците на Агенцијата за статистика на Косово, косовското семејство годишно троши во просек по 7.803 евра или 1.511 евра по глава на жител, што ги прави косовските граѓани најсиромашни во Европа и регионот, објавија косовските медиуми.

Според податоците на Меѓународниот монетарен фонд, просечниот приход по глава на жител во Европската унија е 35.800 долари, додека во Косово е 4.442 долари.

Според ЕБОР, на Западен Балкан, вклучувајќи го и Косово, му требаат 40 до 200 години за да го достигне просечниот бруто домашен производ на ЕУ по глава на жител.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни