Претседателот на СДСМ и мандатар за нова Влада, Димитар Ковачевски денеска на прес конференција ги објави предлозите за нови министри, кои, како што рече, поседуваат професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓните и веруваат во солидарноста и еднаквоста.
- Вицепремиер за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси – Славица Грковска
- Вицепремиер задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции – Фатмир Битиќи
- Вицепремиер за европски прашања – Бојан Маричиќ
- Министерка за одбрана – Славјанка Петровска
- Министер за внатрешни работи – Оливер Спасовски
- Министер за правда – Никола Тупанчевски
- Министер за земјоделство – Љупчо Николовски
- Министерка за труд и социјална политика – Јована Тренчевска
- Министерка за култура – Бисера Костадиновска Стојчевска
- Министер за транспорт и врски – Благој Бочварски