Свет

Нова евакуација на станарите од „пукнатиот“ облакодер во Сиднеј

Само неколку дена откако беа евакуирани стотици лица од еден облакодер во Сиднеј, поради чудни звуци на пукање, повторно се случи евакуација и повторно поради истите звуци.

Овој пат евакуацијата е на подолг рок, односно на станарите им е кажано десетина дена да не се враќаат во своите домови, а за сите оние кои немаат каде да одат, градот ќе им обезбеди сместување додека не биде анализиран проблемот.

Евакуацијата се случи откако одреден дел на граѓани слушнале пукање на зградата, а дел од нив изјавиле дека дури забележале пукнатини на облакодерот кој бил пуштен во употреба пред само четири месеци.

Фирмата, пак, која го изградила облакодерот гарантира дека истиот е стабилен и дека нема простор за паника.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни