Македонија

Го нашол својот брат мртов во куќа во Скопје

54-годишниот Ж.Д. бил пронајден без знаци на живот од страна на својот брат во куќа на улица „Скупи“ во Скопје. Случајот бил пријавен во полиција, а од доктор на Итна медицинска помош констатирана е смрт без видливи траги на насилство.

„На 26.12.2018 година во 18,27 часот Т.Д. пријавил дека во куќа на улица „Скупи“ во Скопје го пронашол неговиот брат Ж.Д.(54),  без знаци на живот.  Од доктор од Итна медицинска помош констатирана е смрт без видливи траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција“, се вели во извештајот на МВР.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни