Македонија

Еве каква временска прогноза не очекува во следните денови

Во четврток во вечерните часови и во текот на ноќта од запад ќе се прошири влажен и студен бран со врнежи од снег. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Помала снежна прекривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Во ноќта кон петок заради ниските температури ќе има појава на голомразица, а во петок и сабота ќе дува умерен до силен претежно северен ветер особено изразен вдолж Повардарието.

Од сабота следува период на многу студено време

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни