Свет

Републиканците и демократите не успеаја да ја прекинат блокадата на федералната влада на САД

Портпаролот на лидерот на сенатските демократи Чак Шумер, во четвртокот изјави дека републиканците и демократите се сѐ уште многу далеку во напорите да ја разрешат блокадата на американската влада, пренесе Ројтерс.

Соединетите држави од 22 декември се наоѓаат во период на делумна парализа на работата на сојузните органи.

Неговата изградба е изборно ветување на претседателот Трамп и тој изјави дека нема да прави компромиси додека не бидат одобрени финасиите за тоа. Трамп одби да го потпише буџетот што предизвика затварање на голем дел од институциите на федералната влада.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни