Живот

Оваа песна од Парни Ваљак погрешно сме ја сфатиле: Воопшто не е љубовна песна! (ВИДЕО)

Оваа песна од Парни Ваљак погрешно сме ја сфатиле: Воопшто не е љубовна песна! (ВИДЕО)

Почина пејачот и фронтмен на групата „Парни ваљак“, Аки Рахимовски, а денес сите се сеќаваат на неговите познати хитови.

Песната „Sve još miriše na nju“ е еден од хитовите кои сакаме да ги слушаме мислејќи дека е одлична љубовна песна. Сепак, вистината е сосема поинаква.

Песната ја напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус, како што вели – етапно, а објавена е на албумот „Buđenje“.

Многумина, слушајќи ја, би помислиле дека Аки, кој секогаш велеше дека жените му се инспирација, „се опил од изворот на љубовта на неговата сакана“, но тоа не е вистинското значење, кое Хус го откри во емисија на хрватски телевизија.

„Тоа е песна која трпи за младоста и времето што минува, која зборува како метафора за замислена жена, а всушност е метафора за младоста, нешто слично на песната „Есен во мене““, објасни Хус за мотивите за пишување на оваа песна..

Во 1975 година Аки Рахимовски и Хусеин Хасанефендиќ заедно со Јурица Паѓен ја основаат групата „Парни ваљак“ во соработка со менаџерот Владимир Михаљек Миха и ја основаат првата постава на Парни ваљак. Оттогаш тие направија безброј хитови кои ќе останат за сите времиња.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје 15.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни