Живот

Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија пронајден мртов

Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија пронајден мртов

Поранешниот европски шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Вирчис (Украина) е пронајден мртов. Инспекторите велат дека најверојатната причина за смртта е самоубиство.

Роднините на 48-годишниот Вирчис велат дека тој неодамна боледувал од депресија. За тоа сведочат и соседите, кои потврдуваат дека постојано носел црна облека, како што бил пронајден по неговата смрт.

Вирчис има 26 победи во 28 натпревари, станувајќи интерконтинентален шампион на ИБФ во 2003 година и носител на појасот на ВБО во 2005 година.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни