Утре во 13 часот на Новите гробишта ќе се изврши погребот на новинарката и прва сопруга на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, Ксенија Вучиќ, најави утринава Драган Ј.Вучиќевиќ во утринската програма на ТВ Пинк.
Вучиќевиќ изјави дека Ксенија ненадејно починала во нејзиниот стан во Белград, а со неа во тој момент бил и нејзиниот син Данило.
Тој додаде дека Брзата помош еден час се обидувала да реанимира, но за жал безуспешно. Вучиќевиќ истакна и дека не ја знае причината за смртта.