Свет

Франција со засилена одбрана од полицијата ќе ја помине новогодишната прослава

За новогодишната ноќ во Франција ќе се распоредат повеќе од 147.000 припадници на безбедносните сили во земјата, поради најавување од  демонстрантите од движењето Жолти елеци, дека и тие ќе се приклучат на јавната прослава.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека безбедносните мерки биле потребни поради „сериозни терористички закани“ и поради можни непријавени протести. „Жолтите елеци“ од средината на ноември организираат демонстрации поради најавеното зголемување на данокот за гориво, но протестот брзо се претвори во општ израз на незадоволство од политиката на претседателот Емануел Макрон.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни