Македонија

Град Скопје: Се санираат неколку булевари и улици во Скопје

Град Скопје: Се санираат неколку булевари и улици во Скопје

 Во текот на денешниот ден ќе се изврши санација на неколку булевари и улици во Скопје, каде што покрај санација на големите оштетувања ќе се нивелираат и шахтите што долг период предизвикуваат поголеми штети на возилата на граѓаните, информира Град Скопје.

Ќе се изврши санација на улиците „Ацо Шопов“, „Црногорска“ и „Лука Геров“ до последна 22 во село Волково во Општина Ѓорче Петров, булеварот „Борис Трајковски“ – правец од населба Драчево кон населба Пинтија, како и на булеварот „Теодосиј Гологанов“, се вели во соопштението.

Од Град Скопје додаваат дека заедно со екипите на ЈП „Улици и патишта“ секојдневно на терен детектираат каде има потреба од итна санација на коловозот, но исто така се врши сондажа за потребата од дополнителна сообраќајна сигнализација низ градот која ќе ги намали сообраќајните незгоди и ќе помогне за подобра видливост на пешачките премини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни