Македонија

Ако сте на минимална, од март ќе земате 18.000 денари

Ако сте минилаец, односно вашата плата изнесуваше нешто над 14.500 денари, од 1-ви март работодавецот ќе треба да ви исплаќа 18.000 денари. Ваква одлука донесе вечерва Владата.

„80.000 наши сограѓани, работници во различни индустрии, почнувајќи од мартовската плата ќе земаат најмалку 18.000 денари. Оваа сума, означува раст на нето платата на овие работници за околу 45 евра месечно. Ветивме и реализираме мерки кои директно го помагаат животниот стандард. Во исклучително кризна година, година на европски и светски кризи, остануваме фокусирани на финансиска поддршка на граѓаните, напиша на Фејсбук премиерот Димитар Ковачевски.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни