Македонија

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Распишана централна и меѓународна потерница по Ива Михајлова

Министерството за внатрешни работи (МВР) распиша меѓународна потерница по Ива Михајлова. Според официјалните информации од надлежните институции, таа ја напуштила државата илегално, прекршувајќи ги изречените мерки на претпазливост.

Од МВР соопштија дека по направените проверки во системот за гранична контрола е утврдено дека за Михајлова нема регистриран излез на ниту еден официјален граничен премин во земјава. Поради тоа, надлежните органи заклучуваат дека таа нелегално ја преминала државната граница.

За лицето веќе беа во сила активни судски забрани за напуштање на местото на живеење и премин на државната граница. По добивањето на соодветната судска наредба, МВР ја започна процедурата за распишување меѓународна потерница со цел нејзино пронаоѓање и лишување од слобода.

Полицијата продолжува да презема сите потребни мерки и активности во соработка со меѓународните партнерски служби за целосно расчистување на случајот.

Инаку, потерница е распишана и за нејзиниот татко Симеон Михаилов, кој се бара за сторени кривични дела по чл.394, чл.386 и чл.123 од КЗ на РСМ за издржување на казна затвор од 12 години и 6 месеци.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни