Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ денеска на прес конференција истакна дека се донесени неколку препораки.
- Прва препорака – наместо 45, потврдата за ковид прележаност да трае 180 дена, сметано од денот на добиен позитивен тест.
- Втората е поврзана со извештајот од ИЈЗ каде што е направена анализа на сите случаи со хоспитализација и смрт од ковид-19 во период од 1 до 31 јануари 2022 година.
- Третата препорака се однесува на постоечките упатства за лекување на пациенти од ковид-19.
- Четвртата се однесува на учениците – дел од достапните тестови кои што се во владение на МЗ ќе се користат за проценка на преносливоста на вирусот во школски услови.