Американскиот технолошки гигант Apple планира во март да ја претстави новата генерација на својата буџетска серија на iPhone.
Ова пишува еден од најпопуларните блогови за следење на компанијата Macrumors.
iPhone SE ќе има 5G конекција и се очекува да биде претставен на 8 март, според блогот.
Се очекува моделот да наликува на дизајнот на iPhone SE 2020, кој е позајмен од осмата серија на основниот модел, пишува Bloomberg. Сепак, телефонот ќе биде опремен со побрз чип од генерацијата А15, како и со подобра камера.
Меѓу гласините е дека Apple ќе ја прикаже новата генерација на таблетот „iPad Air“, кој има и 5G конекција.