Македонија

Ковачевски: На 10 и 11 февруари средба на претставници на македонското и бугарското МНР

Ковачевски: На 10 и 11 февруари средба на претставници на македонското и бугарското МНР

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес конференција најави дека претставници на министерствата за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија на 10 и 11 февруари ќе имаат средба на која ќе се разговара за отворените политички прашања меѓу двете земји.

„Доколку се постигне напредок, прифатлив за двете страни врз основа на европски вредности и почитување на двете страни, како на државите, така и на граѓаните, тогаш МНР тоа ќе го соопшти на ист начин како што министерот за надворешни работи имаше обраќање во Комисија за надворешни работи, од неколку часа, каде ги образлагаше основните поставки на разговорите што се водат, изјави премиерот Ковачевски.

Тој се осврна и на вчерашниот телефонски разговор со неговиот бугарски колега Кирил Петков кој се интересирал за два инцидента што се случиле и тоа едниот во врска со искинати венци на гробот на Гоце Делчев и за искршено стакло на бугарскиот Културен центар во Битола.

Ковачевски, како што вели, го информирал Петков дека МВР согласно регуларните процедури ги прави сите истражни работи за првиот случај, а вториот е инцидент мотивиран од приватни причини.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни