Во периодот од 11:00 до 13.00 часот вчера на подрачјето на СВР Тетово, во рамки на континуираните акциски контроли на возилата кои вршат јавен превоз на патници (автобуси и комбиња), биле откриени и санкционирани пет возила со неисправни сопирачки и осум возила кои не поседувале соодветни документација за вршење јавен превоз, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Технички неисправните возила веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се поднесоци по Законот за возила, а поднесоци ќе следат и против возачите и правните лица кои вршеле јавен превоз без комплетна документација, согласно член 284-А од Кривичниот законик.