Македонија

ВИДЕО: Слета првиот авион од новата релација Софија – Скопје

На Меѓународниот аеродром Скопје утринава слета првиот авион од Софија на авиокомпанијата „Гуливер“, со што се реализира првиот лет на таа релација.

Со авионот во Скопје пристигнаа македонска и бугарска делегација предводени од министерот за транспорт Благој Бочварски и неговиот бугарски колега Николај Сабев, како и туроператори од двете држави.

Авионското поврзување меѓу двата главни града на Северна Македонија и Бугарија е првиот конкретен чекор на соработката што ја најавија по првата средба премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков што се одржа на 18 јануари годинава во Скопје.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни