Македонија

Илегалните потрошувачи главен проблем за немањето на електрична енергија во некои делови од Македонија

Годинава Македонија започнува со либерализација на пазарот на електрична енергија. Граѓаните ќе можат сами да одлучат од кого ќе се снабдуваат со струја. Ова ќе биде можност за граѓаните сами да се определат за она што е подобро и поевтино за нив. Според дел од жителите, сметките за струја кои им доаѓаат во грејната сезона се превисоки. Другите пак со став дека цените се разумни. Во однос на парното, велат дека за разлика од другите години, годинава греењето функционира добро и без проблеми.

Од ЕВН-Македонија велат дека се подготвени за студот кој може да ја зафати земјата. Од таму додаваат дека дефектите кои се појавиле изминатите години биле поради граѓаните кои не поднеле барања за пред зимската сезона да им биде поставен електричен систем за греење. Ова се проблеми кои системот не може да ги издржи, затоа настануваат и такви проблеми, уверуваат од ЕВН.

Инаку, во неколку населени место во Скопје електричната енергија се злоупотребува од илегалните потрошувачи, поради што редовните потрошувачи и обврзниците се соочуваат со потешкотии при снабдување, особено во текот на зимската сезона. Поголемите оптоварувања на електричните столбови можат да предизвикаат горење на електричната инсталација и да го стават во опасност целото населено место, па дури може да дојде и до трагични последици.

РЕПОРТЕР: САЛИЈЕ САДИКУ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни