Македонија

Ангелов го посети Секторот 112 – еве колку повици имало досега

Ангелов го посети Секторот 112 – еве колку повици имало досега

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, рано утрово го посети Секторот 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од страна на дежурниот сменоводител и примателите на итни повици беше запознат со тековната работа, како и со почетните проблеми со коишто се соочува новиот Сектор 112.

Во петокот, 11.02.2022, денот кога бројот за итни повици 112 беше пуштен во употреба имало  околу 600 повици, а во сабота (12.02.2022) околу 430. Во текот на ноќва до 08.00 часот се примени 76 повика.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни