Македонија

Делегација на МНР на состанок во Бугарија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска на брифингот со новинарите посочи дека од МНР е испратена тричлена делегација, составена од нашиот амбасадор во ЕУ, директорот на директоратот за Европски земји и директорот на директоратот за Европска Унија.

„Се разбира од бугарската страна беа хомолози од тие директорати и затоа така е направен составот на нашата група. Во овој еднодневен состанок имаше детално читање на позициите на двете страни во однос на секоја од точките за да може тоа што е испратено писмено да се образложи“, вели Османи.

Тој вели дека нашата делегација целосно се водела според насоките на Резолуцијата на Собранието, државните позиции и писмените предлози кои ги дале во месец декември.

Османи посочи и дека околу 20 февруари се очекува повторен состанок меѓу двете земји.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни