На новинарско прашање околу тоа зошто нема никаква реакција од Македонија во однос на македонското малцинство во Бугарија, министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека не случајно формулацијата му била правото на самоопределување согласно државното уредување.
„Република Бугарија во нејзиното уставно уредување не признава малцинство. Ниту едно малцинство, за разлика од кај нас каде што Уставот познава етнички заедници како колективно организирање на граѓаните врз основа на етничката припадност“, вели Османи.
Османи додава дека според договорот во 1999 година, односно заедничката Декларација меѓу тогашната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДПА и Договорот од 2017-та постои една одредба дека ништо во нашиот Устав не е и нема да се интерпретира како мешање во внатрешните прашања на Бугарија по однос на граѓани кои не се наши државјани.
„Државата има обврска да не се меша по однос на Уставното уредување во Република Бугарија, а не дали има или нема, тоа е прашање кое секој граѓанин го кажува само за себе. Тие се европски граѓани кои имаат повеќе права од нас“, вели Османи.