Македонија

Утринава најстудено во Берово

Утринава најстудено било во Берово каде се измерени -1 степен, додека пак 0 степени Струмица, Демир Капија, 1 степени Скопје-Петровец, Попова Шапка, 2 Штип, Гевгелија, 3 Тетово, 4 Скопје-Зајчев Рид, Куманово, Прилеп, Kрушево, Дојран, 5 Крива Паланка, Виница, 6 Битола, Претор, 7 Дебар, 8 Охрид.

Најголема снежна покривка има на Попова Шапка – 18 сантиметри.

Малку до умерено облачно, утрово во западните делови на места е значително облачно и има слаб локален дожд.

Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во западните делови повремено ќе биде значително облачно и ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен и јужен правец, кој попладне на места ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне 18 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни