Македонија

7.595 активни случаи во земјава

Бројот на активни случаи на КОВИД-19 во земјава изнесува 7.595.  Во изминатото деноноќие се направени 3.974 тестови, регистрирани се 668 нови случаи на КОВИД-19 и 81 реинфекции. Оздравени се 887, а пријавени се седум починати лица, сите со коморбидитети.

Според последниот билтен што го објави Министерството за здравство, досега во земјава се направени 1.870.093 тестирања. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 293.328, бројот на оздравени пациенти е 276.835, а на починати 8.898.

Здравствените власти оценуваат дека се намалува пикот на четвртиот бран и оти епидемиолошката состојба полека се подобрува. Но, за евентуално олабавување на мерките за заштита ќе се чекаат резултатите од серолошкиот скрининг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни