Специјален авион полета за Киев за да започне евакуацијата на индиските граѓани од земјата , јави Би-Би-Си. Ова се случува во позадина на растечките тензии меѓу Украина и Русија.
Околу украинската граница се собраа 150.000 руски војници. Владимир Путин негира дека планирал напад врз Украина.
Повеќе од 20.000 Индијци живеат и студираат во Украина. Нивната безбедност е наш приоритет, изјави Тирумурти, претставник на Индија во Обединетите нации.
Ер Индија објави три летови меѓу Индија и Украина оваа недела . Тие ќе се одржат во вторник, четврток и сабота.
Индискиот конзулат во Киев соопшти дека станува збор за летови кои се организираат поради немилосрдните тензии во регионот и опасноста од војна.
Индиската влада ја укина забраната за патување до и од Украина на почетокот на овој месец.
На вонредниот состанок на Советот за безбедност, Тирумурти рече дека се надева оти кризата ќе биде решена преку дипломатија и дијалог. Тој додаде дека треба да им се даде шанса на иницијативите насочени кон намалување на тензиите.