Американскиот претседател Џо Бајден даде итна изјава во врска со комплицираната ситуација околу Украина .
Тоа доаѓа откако рускиот претседател Владимир Путин ги призна Народните републики Доњецк и Луганск како независни држави.
Бајден рече дека се подготвени пакет на санкции кои најпрво ќе ги погодат руските банки, целосно ќе бидат блокирани трансакциите кон Запад.
Исто така најави дека санкции ќе има и кон гасот. Гасоводот од Русија кон Германија нема да добие одобрение за продолжување. Потенцираше дека Русија е агресор, но дека се уште се отворени за дипломатија и дека има доволно време за акција.
„Ова е почеток на руската инвазија на Украина “, рече тој, додавајќи дека ќе започне со воведување санкции: „Тие ќе бидат построги од оние воведени по анексијата на Крим во 2014 година“.