Претседателот на ЛДП, Горан Милевски на својот Фејсбук профил објави дека Либерално-демократската партија, како дел од Европското либерално семејство, силно го осудува признавањето на делови од Украина, за независни држави, од страна на Русија.
„За нас ова е чин на агресија и насилство на посилниот врз послабиот.Со ова се нарушува постојниот светски поредок и принципите врз кои се темели и работи Организацијата на Обединетите нации, чиј основач е и Русија.Полагањето на право на територии каде живее руски народ, или територии кои некој смета дека се неоправдано одделени и не се дел од границите на Русија, е веќе еднаш видено сценарио кое се обидел да го реализира Хитлер анектирајќи ја Австрија, Чехословачка и Полска.На ова лудило кое го спроведува Путин треба да му се застане на патот и тоа решително. Братскиот руски народ не може да биде агресор брз братскиот украински народ и треба да се спротивстави на ваквата хегемонистичка политика која ја спроведува Путин и повторно да застане на страната на правдата“, напиша Милевски.