Европската унија утре официјално ќе одобри нови санкции против Русија во врска со започнувањето на специјална воена операција во Украина.
Ова го изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во интервју за шпанскиот телевизиски канал 24 Орас.
„Во моментов, техничките групи ги финализираат текстовите [на санкциите], Европскиот совет ќе се состане вечерва за да ги усвои политички, а утре наутро Советот на министри за надворешни работи на ЕУ формално ќе ги одобри и тие ќе стапат на сила“, рече Борел.
Тој додава дека санкциите ќе влијаат на економските сектори во Русија со кои одржуваат односи.
„Ќе разговараме со Јапонија, Индија, со сите земји со кои можеме да се обединиме за да ја запреме оваа агресија. Можеме да кажеме дека ова не е наша војна, но тоа е наша безбедност. Имаме многу економски инструменти кои би можеле да и наштетат на руската економија. Напад од оваа големина се подготвува со месеци или години“, рече Борел, изразувајќи загриженост дека повторно ќе има тензична ситуација на нашите граници.