ЕУ ги замрзна имотите на Владимир Путин и Сергеј Лавров во Европа. Ова го одлучија министрите за надворешни работи на земјите-членки, кои одобрија нов пакет санкции против Русија.
Лидерите на НАТО одлучија да продолжат да го зајакнуваат источното крило на Алијансата и да се подготвуваат за одговор на вонредни ситуации, а Советот на Европа го замрзна членството на Русија во организацијата.
НАТО ќе ја брани секоја педа од својата земја, изјави генералниот секретар на Пактот Јенс Столтенбег. Тој додаде дека Алијансата ќе продолжи да дава воена помош за Украина.
Сојузниците на НАТО ги започнаа своите одбранбени планови. Како резултат на тоа, имаме елементи од силите за одговор на НАТО на копно, море и воздух за да ги зајакнеме нашите позиции и способности за итен одговор. САД, Канада и европските земји распоредија илјадници дополнителни војници во источниот дел на Алијансата. Имаме повеќе од сто воени авиони на различни точки и над 120 воени бродови во Средоземното Море. Нека биде многу јасно: ние сме подготвени да го браниме секој наш сојузник и секоја педа од територијата на НАТО, изјави Јенс Столтенберг, генерален секретар на НАТО.
НАТО има повеќе сили во Источна Европа
Во однос на санкциите против Путин, ЕУ денеска го разгледа и на списокот го додаде рускиот претседател и министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Европската унија зборува со еден глас. Москва не може да остане неказнета. Но, воената акција на НАТО против Русија е невозможна поради заканите на Путин дека ќе користи нуклеарно оружје. Европа не очекуваше таква голема воена акција во Украина. Ова се главните заклучоци од самитот на европските лидери.
Се очекува санкциите да стапат на сила во наредните часови.