„Ќе се бориме за нашата земја“ „Ситуацијата е тешка. Ќе се бориме за нашата земја. Можеби ќе умреме, само сакавме да бидеме заедно пред сето ова“. По нивната венчавка, Јарина и Свјатослав се подготвуваат да одат во локалниот Центар за територијална одбрана за да ги здружат напорите да помогнат во заштитата на нивната татковина. „Треба да ги заштитиме луѓето што ги сакаме и земјата на која живееме““, додаде младата жена. Јарина не знае каква задача ќе им биде доделена. „Можеби само ќе ни дадат оклоп и ќе одиме да се бориме. Можеби ќе помогнеме со нешто друго. Тие ќе одлучат“, изјави таа за Си-Ен-Ен. Ариева го опишува својот сопруг како „нејзиниот најблизок пријател на Земјата“ и се надева дека еден ден ќе можат правилно да го прослават својот брак. „Можеби тие (Русија) само ќе ја напуштат нашата земја и ние ќе можеме нормално да славиме. Се надевам дека нашата земја ќе биде безбедна и среќна, без Руси во неа“, додаде 21-годишната девојка.Yarina and Sviatoslav decided to move their wedding forward and got married on the day Russia invaded their country. 24h later, the young Ukrainian couple picked up their government issued weapons to fight the invaders. #UkraineUnderAttack #Ukraine #UkraineRussia pic.twitter.com/DbOf2uRj8e
— cstreib (@cstreib) February 25, 2022
Со звукот на сирените и гранатите – украинска двојка се венчаше
Ретко кој замислуваше дека денот на неговата венчавка ќе биде под звукот на сирените за воздушни напади и гранати кои паѓаат, но ова е надреалната реалност на 21-годишната Јарина Ариева и 24-годишниот Свјатослав Фурсин.
Двојката се венчаала во четвртокот во Киевскиот манастир Свети Михаил бидејќи, како што велат, „не знаат што доаѓа“.
Младиот пар се запознал во 2019 година за време на протест во центарот на Киев, пишува CNN.
„Беше многу страшно“, изјави Јарина за американските медиуми.
Двојката планирала да се венча на 6-ти мај и да слави во ресторан со „многу убава тераса“ со поглед на реката Днепар, но плановите кои влеваат стравопочит се сменија неколку минути откако рускиот претседател Владимир Путин најави воена операција во Украина во четвртокот наутро.
И така, како и животот на Јарина и Свјатослав, животот на милиони други Украинци се сврте за 360 степени… можеби засекогаш.
Имате вест, приказна или проблем?
Пишете ни