Свет

Ново обраќање на Зеленски: Ако веќе се раѓаат деца во засолништа, тогаш непријателот нема шанси

Ново обраќање на Зеленски: Ако веќе се раѓаат деца во засолништа, тогаш непријателот нема шанси
Претседателот на Украина Владимир Зеленски се обрати преку видео порака и рече дека Украинците се подготвени да се борат онолку колку што е потребно и дека руските окупатори никогаш нема да можат да го победат овој народ. Тој додаде дека забележал солидарност меѓу Украинците и дека светот конечно видел колку се моќни Украинците. „Ќе се бориме онолку колку што е потребно за да се ослободи државата. Ако веќе се раѓаат деца во засолништата, дури и кога гранатирањето продолжува, тогаш непријателот нема шанси во оваа несомнено популарна војна“ – рече тој. Зеленски потоа рече дека денеска разговарал со светските лидери, а потоа се осврнал на добрите односи со Италија. „Имаме многу добри односи со Италија. Ова е навистина ново поглавје за нашите две земји. Разговарав со Марио Драги и сега работите се на свое место. Разговарав и со премиерот на Индија, од кого добив целосна поддршка“ – вели тој во видеото. Украинскиот претседател тврди дека сите европски земји се согласиле да ја исклучат Русија од SWIFT, што на Русија може да и нанесе голема штета.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни