Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Русија е подготвена за мир и крај на крвопролевањето , пренесе ТАСС. Русија објаснува дека нема да шпекулира за причините зошто украинската делегација се уште не пристигнала во Гомел, изјави заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко.
„ Чекаме, нема да шпекулираме за некои причини што ја принудуваат украинската делегација да го одложи своето пристигнување во Гомел. Можеби тие треба да го кажат ова подетално“, рече Руденко.
Заменик-министерот за одбрана на Русија Александар Фомин е во Минск како дел од руската делегација на разговори со Украина . Дополнително, присутни се и рускиот заменик-министер за надворешни работи Андреј Руденко, претседателот на Комитетот за меѓународни прашања на Државната дума Леонид Слуцки, рускиот амбасадор во Белорусија Борис Гризлов, кој исто така ја извршува функцијата ополномоштен во Контакт групата за решавање на ситуацијата во источна Украина.
Делегацијата ја предводи помошникот на претседателот Владимир Медински . Претходно во неделата, портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека руската делегација пристигнала во Белорусија на разговори со Украина . Во делегацијата се претставници на Министерството за надворешни работи, Министерството за одбрана и други агенции, вклучително и претседателската администрација. Средбата е закажана во Гомел.
Медински рече дека руската делегација чека одговор од Украина за разговорите до 15:00 часот по московско време .
Делегацијата очекува дека изјавите на претседателот на Украина Владимир Зеленски „за желбата за мир не се празни зборови“. „ Во случај на ново одбивање и ново извинување, целата одговорност за понатамошниот развој на настаните ќе биде на актуелната влада на Украина “, објасни Слуцки.
Прес секретарот на претседателот Владимир Зеленски Сергеј Никифоров потврди, цитиран од УНИАН, дека Украина е подготвена за преговори и за таков формат е разговарано .
Во врска со прелиминарните аранжмани со Москва , Никифоров потврди дека имало разговор и дека Русија побарала од украинската армија да се предаде .
„ Затоа нивните денешни изјави и нивната одлука да одат демонстративно во Гомел, и покрај се, се само информативен притисок и обид да се префрли одговорноста на Украина“, нагласи тој.
Претставниците на Киев во Гомел нема да одат . „Нашиот став останува непроменет. Подготвени сме да се сретнеме на неутрално место – Баку, Истанбул, Варшава, Виена… “