Десетици цивили загинаа, а стотици други се повредени за време на силно руско гранатирање на градот Харков во источна Украина, соопштија украинските власти.
Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи на Киев, на Фејсбук напиша дека московските трупи бомбардирале станбени области со проектили „Град“, велејќи: „Десетици се убиени, а стотици се ранети!#
„Целиот свет мора да го види овој ужас! Смрт за окупаторите!“
Во оваа фаза не може точно да се каже колку цивили се убиени досега. Шефицата на ОН за човекови права Мишел Башелет претходно денеска изјави дека најмалку 102 цивили се убиени, а уште 304 лица се повредени.
„Повеќето од овие цивили беа убиени од експлозивно оружје со широка област на удар, вклучително и гранатирање од тешка артилерија и ракетни системи со повеќе лансирање, како и воздушни напади. Се плашам дека вистинските бројки се значително повисоки“, рече Башелет.